Дома Топ вести Перез има план како да стигне до потписот на Ериксен!

Перез има план како да стигне до потписот на Ериксен!

Хамес Родригез најверојатно ќе се врати во Реал Мадрид следното лето бидеќи Баерн Минхен одлучи да не го откупува неговиот договор. Шпанските медиуми откриваат дека „кралевите“ имаат план за Колумбиецот.

Реал планира да го врати Колумбиецот кој и покрај се е еден од најбараните играчи во Европа, и да го искористи како „мамка“ во преговорите со Тотенхем. Имено, „кралевите“ го сакаат Ериксен чиј договор истекува во 2020 година, Даниел Леви е најтежок преговарач во светот, но сигурно дека нема да дозволи Данецот да си замине без надомест. Тотенхем е заинтересиран за Родригез, па тој би можел да биде дел од договорот со Реал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интерес за Хамес покажуваат Наполи, Арсенал и Јувентус, но но намерата на Реал е да му даде предност на Тотенхем за да го добие потписот на Ериксен.

Во секој случај, Ериксен се гледа како замена за Модриќ, на Хрватот му истекува договорот во 2020. година и веројатно ќе го одработи пред да го напушти Мадрид, иако и понатаму е актуелна опцијата за заминување во Интер следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…