Фудбалскиот клуб Реал Мадрид веќе ги одреди приоритетите за следното лето, пишува шпански „Ас“.
Откако го доведоа Килијан Мбапе по долги години напори, во Мадрид се фокусираат на формирање тим за иднината бидејќи во досегашниот тек на сезоната е јасно дека има недостатоци. Пред се, на тимот на Карло Анчелоти им недостига стабилност во средниот ред, а забележливо е и отсуството на Тони Крос.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Затоа, Реал одреди приоритет за следното лето. Ако знаат дека ќе го добијат Алфонсo Дејвис без премногу проблеми, тогаш може да има проблем со примарната цел. Имено, „Ac“ пишува дека Флорентино Перез заедно со Карло Анчелоти и целиот спортски сектор ги насочиле сите ресурси да го доведат шпанскиот играч за врска во своите редови.
Станува збор за Родри кој е еден од најважните фудбалери во системот на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Јасно е дека е тешка мета, меѓутоа „АС“ тврди дека Реал ќе се обиде.