Дома Топ вести Перез има „луда“ идеја: Замената за Варан пристигнува од Атлетико

Перез има „луда“ идеја: Замената за Варан пристигнува од Атлетико

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан и официјално му соопштил на раководството на клубот дека сака да ја промени средината, тврдат шпанските медиуми.

Враќањето на Зидан на клупата на „кралевите“ наводно не промени ништо во одлуката на 25-годишниот дефанзивец, кој освои се што може да се освои со шпанскиот гигант, па сега посакува нов предизвик надвор од Шпанија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Варан има важечки договор со „кралевите“ до јуни 2022 година, но по се изгледа дека Реал ова лето ќе мора да размислува за негова замена.

На пазарот нема многу квалитетни стопери, а тие кои се квалитетни имаат вртоглава цена. Најчесто споменувано име како замена за Варан е дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, но сега шпанските медиуми лансираа ново име.

Имено, „кралевите“ имаат идеја да го донесат стоперот од градскиот ривал, Хозе Марија Хименез.

Уругваецот има откупна клаузула од 120 милиони евра, што не би требало да претставува проблем за „кралевите“. Притоа, воопшто не треба да преговараат со градскиот ривал доколку одлучат да ја платат клаузулата.

Доколку се реализира овој трансфер тогаш ќе имаме нов светски рекорд и Хименез ќе стане нанјскапиот дефанзивец во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…