Дома Фудбал Перез: Зошто да купуваме напаѓач кога го имаме најдобриот во светот?

Перез: Зошто да купуваме напаѓач кога го имаме најдобриот во светот?

Претседатселот на Реал Мадрид, Флорентино Перез смета дека Карим Бензема е најдобриот напаѓач во светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Добро познато е дека Бензема има голем кредит кај Перез. Претседателот на Реал беше покрај Французинот и кога тој беше на мета на критики од јавност.

Бензема оваа сезона е исклучително ефикасен, а Перез му испрати големи пофалби.

„Секогаш инсистирав на тоа во Реал да играат најдобрите играчи, да го имаме најдобриот тим. Така мислам и денес. Долго време читам и слушам дека Реал морал да го купи голем напаѓач. Таков играч веќе имаме во тимот. Бензема е најдобар во светот. Моја работа е да доведувам млади играчи кои ќе бидат иднината на клубот. Такви се Винисус и Родриго“, изјави Перез.

Оваа сезона Бензема постигна 18 голови и запиша седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фановите на Барса го освиркуваа Кукуреја

Поддржувачи на Барселона го изразија својот гнев кон Марк Кукуреја за време на натпреварот…