Дома Фудбал Останато Перез за Суперлигата: Реал Мадрид има обврска кон европскиот фудбал, историјата тоа го бара од нас

Перез за Суперлигата: Реал Мадрид има обврска кон европскиот фудбал, историјата тоа го бара од нас

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез повторно ја критикуваше УЕФА и го отвори прашањето за Суперлига во која би играле најбогатите европски екипи.

УЕФА успеа да се „одбрани“ од првиот напад за формирање на Суперлига, а предводници на таа идеја беа Реал, Барселона и Јувентус. Во меѓувреме Јувентус го промени раководството и новите луѓе во клубот исто така се откажаа од таа идеја.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Перез не се откажува и порачува дека европскиот фудбал е во криза и потребни се промени.

„Реал Мадрид има одговорност кон европскиот фудбал. За Реал ќе беше многу полесно да не го поведе овој проект за Суперлигата кој не е популарен, но драги партнери историјата го бара тоа од нас. Ние имаме обврска на навивачите секогаш да им го даваме најдоброто шоу. Исто такаме да го поевтиниме пристапот на фудбалот преку телевизија каде што денес се нуди се полош спектакл. Суперлигата е отворена да ги реши прболемите, ќе продолжам да верувам во правда бидејќи УЕФА нема право на монопол во фудбалот“, смета Перез.

Лигата на шампионите ќе има нов формат од наредната сезона, но Перез не мисли ништо добро.

„Новиот проект е невобичаен и апсурден проект. Таков модел се повеќе ќе ги одалечи навивачите од фудбалот, посебно најмладите. Новиот формат најмногу одговара на оние кои од тоа им зависи изворот на приходи. Тоа е систем кој е во интерес на менаџерите, додека потребите на фудбалерите и навивачите не се земени во предвид“, истакна првиот човек на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Газдата на ПСЖ се налути: Дали вие разбирате малку фудбал?!

Пари Сен Жермен е елиминиран од Лигата на Шампионите по поразот со 1:0 од Борусија Дортмун…