Дома Топ вести ПЕРЕЗ ВО ШОК: Роналдо му постави НЕВЕРОЈАТЕН услов на Реал Мадрид

ПЕРЕЗ ВО ШОК: Роналдо му постави НЕВЕРОЈАТЕН услов на Реал Мадрид

ronaldo

Португалскиот фудбалер, Кристиано Роналдо минатата недела ги изненади сите навивачи на Реал Мадрид со изјава дека ова лето најверојатно ќе го напушти клубот од „Сантијаго Бернабеу“.

Откако што „Кралевите“ по трети пат во низа ја освоија Лигата на Шампионите во центарот на вниманието се најде Роналдо, кој веднаш по натпреварот изјави дека речиси е сигурно дека ќе го напушти овој клуб. Сепак, многумина веруваат дека ова е тактика на Роналдо, бидејќи наскоро треба да преговара околу новиот договор.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Имено, Роналдо во моментов во Реал неделно заработува 350,000 фунти, што е значително помалку во однос на Нејмар и Меси. Нејмар во ПСЖ неделно заработува 619,000 фунти, додека Меси во Барселона секоја недела заработува 673,000 фунти.

Наводно, Роналдо сака да биде пред ова дуо кога станува збор на заработката, а пред претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез постави малку неверојатен услов. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Роналдо и Перез разговарале пред неколку дена, а Роналдо отворено признал дека ќе остане во Реал само доколку неделно заработувал околу милион фунти.

Флорентино Перез на Роналдо му вети нов договор уште минатото лето, но сигурно не очекуваше ваков услов. Наводно, претседателот на „Кралевите“ му кажал на Роналдо дека не може да му даде толкава плата, но дека ќе биде пред Меси и Нејмар доколку остане во Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…