Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез денес на официјалното претставување на Орелиан Чуамени изјави дека амбициите на клубот се големи и за следната сезона.
„Кралевите“ ја освоија дуплата круна оваа сезона Ла Лига и Лигата на шампионите, но Перез тврди дека никогаш не се задоволуваат и тргнуваат по нови трофеи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Само што заврши сезоната која вечно ќе се памети по 35-та титула во Шпанија и 14-та во Лигата на шампионите. Но Реал никогаш не се чувствува задоволен. Секогаш сакаме повеќе и затоа веќе сонуваме за 15-тиот трофеј од ЛШ. Работиме напорно за да го постигнеме она што многумина го сметаат за невозможно. Имаме одличен тим, во кој има играчи кои пет пати ја освојувале титулата во Лигата на шампионите. Сепак, нашите следни предизвици ќе бидат тешки и треба да се засилиме“, истакна Перез.