Дома Фудбал Англија Пеп смета дека има подобар од Салах

Пеп смета дека има подобар од Салах

Мохамед Салах заслужено ја доби наградата за најдобар играч во Премиер лигата оваа сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сити е првак и Кевин Де Брујне беше сериозен кандидат да ја освои титулата најдобар играч на сезоната, но сепак таа замина во рацете на Салах. И сосема заслужено. Египќанецот оваа сезона погоди дури 41 пат, а во Премиер лигата моментално е водечки стрелец со 31. погодок.

Оваа година беше избран и за најдобар афрички и арапски играч, пет пати беше најдобар играч на месецот во Ливерпул, четири пати ја доби наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата.

Иако скоро сите сметаат дека Салах ја заслужи наградата, Пеп Гвардиола смета дека таа требаше да отиде во рацете на Де Брујне, кој во ПЛ постигна 8 погодоци и запиша 15 асистенции.

„Не постои во последните 9 или 10 месеци подобар играч од Кевин Де Брујне и тоа е мое мислење. Му ја честитам наградата на играчот кој ја доби, но за мене Кевин е најдобар. Играше на сите наши натпревари во континуитет. Можеби со бројките не е најдобар, но никој не играше подобро од него.“ – изјави Пеп.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Од трагедија до лудило: Габриел доживе неверојатен пресврт кој никој не го очекуваше

Додека играчите на ПСЖ славеа нова титула и потврда за својата доминација во Европа, во др…