Ракометарките на Вардар ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната и главните натпревари за пласман на Ф4 турнирот во лигата на шампионите. Целта е годинава да се искачиме едно скалило погоре, а тоа значи освојување на европската круна. На крајот од јануари ги почнуваме натпреварите од Главната фаза во ЛШ, а пред тоа ќе играме и два натпревари од регионалната ВРХЛ лига.

„Црвено-црните” го завршија првиот дел од сезоната без пораз, како единствена тим со ваков учинок во ЛШ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Добро го одработивме првиот дел од сезоната. Ние сме единствена екипа без пораз. Имавме и доволно време за одмор и сега сме подготвени да тргнеме. Сакам да продолжиме со исто темпо и сакаме да ја победиме секоја екипа за да имаме во четврт финалето полесен противник. Го напаѓаме врвот на Европа и се надеваме дека ќе се пласираме на Ф4 турнирот и ќе се обидеме да го освоиме. Миаслам дека лани бевме многу блиску, еден гол разлика, беше чиста среќа. Не можам да кажам дека Ѓер беше поискусна, туку за такво нешто треба и малку среќа. Годинава и ние сме поискусни и се надевам дека ова е наша година”, вели Пенезиќ за официјалниот сајт на ЖРК Вардар

На 19 и 21 јануари Вардарки играат натпревари со Будуќност и со Крим во ВРХЛ лигата, а на 27 јануари  Вардари се домаќини на Мец во првото коло од Главната фаза во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…