Дома Македонски спорт Пендаровски одликуваше четворица македонски спортисти со наградата „8 Септември“

Пендаровски одликуваше четворица македонски спортисти со наградата „8 Септември“

На Денот на независноста претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ги одликуваше македонските спортиси Оливера Наковска – Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Геогриевски.

Четворицата спортиси со медал од олимписките игри беа одликувани со Орден „8 Септември“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“Овие спортисти доаѓаат од земја, мала по територија, со ограничени ресурси и, за жал, со скромни вложувања во спортот. Но, нив тоа не ги поколеба да работат пожртвувано за спортската слава на нашата заедничка татковина.

На денот на независноста со Орден „8 Септември“ им благодариме на нашите херои затоа што преку нивните врвни спортски успеси ја афирмираа македонската држава.

Нивните спортски и човечки вредности – солидарноста, интегритетот, пожртвуваноста и скромноста се предуслов за изградба на хумано општество на праведни.

Нашите јунаци се и прекрасен пример за младите генерации, бидејќи ги мотивираат не само да бидат одлични спортисти, туку и добри луѓе, пример за средините во кои живеат“, гласи пораката на Пендаровски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед не се откажува од Де Јонг

Барселона минатото лето се обидуваше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски пробле…