Дома Македонски спорт Мак ракомет Пелистер не ги дава своите таленти: Еден од најмладите репрезентативци потпиша нов договор!

Пелистер не ги дава своите таленти: Еден од најмладите репрезентативци потпиша нов договор!

Битолски Еурофарм Пелистер вечерва објави дека потпишале нов договор со еден од најталентираните македонски ракометари, Петар Атанасијевиќ.

19-годишниот Петар Атанасијевиќ потпиша договор до јуни 2026 година и ќе продолжи со својот развој во Еурофарм Пелистер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Горди сме што заеднички соработуваме со најдобрите млади ракометари во земјата и тоа ќе остане тренд и во иднина. Петар како малолетник пристигна во нашиот клуб, но веќе е изграден ракометар, репрезентативец и сегашност и иднина на Еурофарм Пелистер“, соопштија од клубот.

Задоволство од продолжувањето на соработката истакна и Атанасијевиќ.

„Да се игра во еден ваков клуб и со вакви играчи е голема чест. Догодина се надевам дека ќе напредуваме и пак ќе се се радуваме на трофеи. Секоја чест на екипата за победата над Вардар. Сите дадовме максимумот, и тие кои играа и тие кои не добија шанса. Се гледам во овој клуб и во иднина, и во наредните години. Млад сум и има уште многу време за мене и како ракометар и како личност“, изјави Атанасијевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот шта…