Дома Фудбал Останато Пеле: Нејмар е спремен да го предводи Бразил до титулата на Мундијалот

Пеле: Нејмар е спремен да го предводи Бразил до титулата на Мундијалот

Љубителите на фудбалот во Бразил, но и во целиот свет со нетрпение го очекуваат Светското првенство кое ова лето ќе се игра во Русија.

Бразил после неколку големи турнир повторно се надева дека има тим со кој може да стигне до тронот, а прва ѕвезда на оваа генерација ќе биде Нејмар. Легендарниот Пеле смета дека Нејмар е спремен да го предводи Бразил до титулата на Мундијалот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Нејмар во овој момент игра во одлична форма. Постигна 28 погодоци и запиша 15 асистенции во сите натпреварување.

„Тој ја промени играта во националниот тим, тоа мораше да го направи. Во клубот игра како крилен напаѓач, додека во репрезентацијата има повеќе слобода и на теренот се однесува како класична „десетка“. Спремен е да го води овој тим и верувам во него. Тој е клучен играч на Бразил“, изјави Пеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…