Дома Фудбал Останато Пеле кон Нејмар: Зошто го комплицираш подарокот кој ти го дал Бог?

Пеле кон Нејмар: Зошто го комплицираш подарокот кој ти го дал Бог?

pele

Бразилската фудбалска легенда Пеле јавно го критикуваше симулирањето на неговиот сонародник Нејмар, но сепак и го пофали.

Нејмар во текот на Светското првенство доби голем број критики најмногу поради обидите да исценира прекршок.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Тешко е да се брани Нејмар за работите кои ги прави, освен играњето фудбал. Зборував со него и го потсетив на неговите вештини“, изјави Пеле за „Фолха де Сао Паоло“, но додаде и дека според него Нејмар е подоабр од Мбапе.

„Немаше среќа бидејќи Бразил не го освои Светското првенство, па не го издвоија него. Два пати бевме заедно во Европа. Зборувавме и му кажав: Бог ти дал подарок, ти го комплицираш поради се што правиш. Кога во прашање е Мбапе, мислам дека Нејмар е покомплетен играч, но во Европа сите зборуваат за Мбапе“, истакна бразилската легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати дресовите на Србија, Швјацарија, Чешка, Австрија и Исланд за Европското првенство

Репрезентацијата на Србија успеа да се избори за пласман на Европското првенство кое летов…