Дома Фудбал Останато Пеле има добронамерен совет за Нејмар: Зборувам за негово добро

Пеле има добронамерен совет за Нејмар: Зборувам за негово добро

neymar pele

Бразилската легенда, Пеле неодамна го критикуваше Нејмар со зборовите дека со постапките кои не се поврзани со фудбалот го уништува талентот кој му го дал Бог, а сега легендата одново зборуваше за својот сонародник.

Во својата најнова изјава Пеле прокоментира нешто слично и порача дека Нејмар треба повеќе да се фокусира на постигнувањето погодоци и помалку да се обидува да изнуди прекрок од противникот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Секогаш зборував дека Нејмар ќе израсне во голем играч, сепак во последно време тој се прикажува во погрешно светло. Се повеќе симулира, а помалку постигнува голови, со тоа само ги иритира делителите на правдата. Фудбалскиот свет создаде негативна слика за неговиот карактер“.

„Сме зборувале повеќе. Навистина не сакам да го критикувам, тој е дете на Сантос, што значи наше дете. Некои мои блиски ќе ми кажат дека сум остар со критиките, но она што го зборувам го зборувам само за негово добро. Ако сака да биде најдобар мора да престане да симулира и да започне да постигнува повеќе погодоци“, изјави Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…