Дома Топ вести „Пеколни“ 26 дена, Реал Мадрид го чека неверојатно тежок распоред!

„Пеколни“ 26 дена, Реал Мадрид го чека неверојатно тежок распоред!

Дури седум тешки натпревари го чекаат Реал Мадрид во следните 26 дена, а таа низа „кралевите“ ја започнуваат утре на „Енфилд“ против Ливерпул во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, се завршува на гости кај Барселона 19-ти март.

Реал за помалку од еден месец ќе игра дерби натпревари против најголемите ривали и ова е период кој може да биде одлучувачки за тоа каква сезона ќе има тимот на Анчелоти.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Како што споменавме низата започнува утре со реприза на минатогодишното финале во Лигата на шампионите. Двомечот помеѓу Ливерпул и Реал е можност за спас на сезоната на двата тима, откако Реал скоро и да ја предаде домашната титула на Барселона. Каталонците имаат осум бода предност после 22 кола во Ла Лига.

Пет дена подоцна Реал во мадритското дерби ќе го пречека Атлетико. Четири дена потоа во Мадрид доаѓа Барселона во првиот натпревар од шпанскиот куп. Три дена по „Ел Класико“, Реал ќе му гостува на Бетис кој се бори за топ 4 во Ла Лига и место во Лигата на шампионите.

По натпреварот во Севиља, фудбалерите на Реал ќе имаат седум дена одмор, па потоа ги чека Еспањол. Ова „на хартија“ е единствениот лесен противник во ова „пеколна“ низа, но клубот од Барселона се бори за опстанок и ќе има свои амбиции во Мадрид. Три дена подоцна на „Бернабеу“ гостува Ливерпул во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Конечно, ваквиот распоред за Реал се завршува на 19-ти март кога гостуваат на Барселона во рамките од „Ла Лига“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…