Педро има освоени 20 трофеи во кариерата, но главно додека настапуваше во Барселона, од каде во 2015 година се пресели во Челзи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Тоа беше неверојатно време кое го поминав во Барселона. Барса е еден од најголемите тимови на светот и таму полесно се освојуваат трофеи отколку во Челзи. Барса ги има најдобрите светски фудбалери како Меси и среќен сум што бев дел од таа приказна“, изјави Педро.
Педро вечеерва може да заигра против својот поранешен тим во осминафиналето од Лигата на шампиони.
„Сега е се поинаку, сега го носам синиот дрес и со гордост можам да кажам дека играм за Челзи. Се надевам дека ќе успееме да ја елиминираме Барселона“, додаде шпанскиот напаѓач.