Новак Ѓоковиќ ќе паузира на неодредено време поради операцијата на лактот на десната, а иако не нагласи колку време ќе паузира се шпекулира дека тоа би било најмалку до Вимболдон.
Ѓоковиќ веќе пропушти шест месеци поради проблемите со лактот, враќањето на Австралија Опен не беше успешно и поради тоа се наоѓа на 13 место на АТП листата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа поради новата пауза Србинот би можел да испадне и од најдобрите 250 тенисери во светот. Ѓоковиќ во овој момент има 2.470 бодови.
Поради турнирите кои ќе ги пропушти и изостанувањето на голем број бодови, Србинот би можел да падне на дури 277 место на АТП листата кое би го делел со Американецот Алаксандро Саркасијан и Турчинот Џем Илкел.
Сепак, без оглед на се за Ѓоковиќ е најважно конечно да го реши проблемот со лактот и во тој случај би имал прилика да ја врати препознатливата форма со која сигурно брзо ќе се врати барем во топ 10.
Djokovic with bandaged hand in Switzerland #tennis https://t.co/3U80PgIsKX pic.twitter.com/P4UWfnGpUT
— ?????? ?????™ (@lynnlovestennis) February 1, 2018