Вчера Меси ја изненади јавноста со појавувањето во Саудиска Арабија каде што стана амбасадор за туризам на земјата.
Во Саудиска Арабија Меси отпатува по поразот од Лориент во првенството, а француските медиуми пренесуваат дека поради таквиот потег може да заработи казна од клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Веќе подолг период Меси нема добар однос со навивачите во Париз кои нетрпеливи, па дури и во натпреварите испраќаа свирежи барајќи да си замине.
Аргентинецот сега пристигна на Блискиот Исток за официјално да го потпише договорот за амбасадор за туризам.
Оваа соработка ќе му донесе богат договор на Меси, меѓутоа може да му направи и проблем со ПСЖ. Меси не известил никого во клубот за патувањето, не биле известени ниту тренерот Галтие, ниту спортскиот директор Луис Кампос.
Lionel Messi's (35) trip to Saudi Arabia wasn't approved by Luís Campos or Christophe Galtier, whilst it has "shocked" his teammates – full story. (L'Éq)https://t.co/hXbmPsbwdj
— Get French Football News (@GFFN) May 2, 2023