Дома Фудбал Италија Парма ја изненади Рома, Интер се „извади“ во финишот 🎥

Парма ја изненади Рома, Интер се „извади“ во финишот 🎥

Фудбалерите на Парма денес на свој терен ја поразија Рома со 2:0 во мечот од 27. коло во Серија А, додека лидерот Интер во последните минути дојде до победа против Торино.

Парма одлично го отвори денешниот натпревар и поведе уште во деветтата минута. Рома после тој примен гол ја превзема иницијативата и се закани неколку пати преку Џеко и Педро, но резултатот не се промени. Казната за промашувањата на Рома стигнаа во второто полувреме кога Хернани го реализираше пеналот кој го изнуди Ибанез.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличен натпревар одиграа Торино и Интер, а „нероаѕурите“ во последните минути успеаа да дојдат до победата. Торино ја чуваше својата мрежа се до 61. минута кога Интер поведе со 1:0.

Домаќините стигнаа до изедначување девет минути подоцна кога Санабрија ја искористи конфузијата кај домаќините после корнер и го совлада Хандановиќ. Кога изгледаше дека Интер ќе освои само бод одличен гол со глава од десетина метри постигна Лаутаро Мартинез и така донесе важни три бода за Интер во трката за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…