Пеколна атмосфера во главниот град на Франција. Најголемите фанови на ПСЖ веќе сериозно се загреани пред утрешниот меч на сезоната против Реал Мадрид на „Паркот на принцовите“.
Вечерва голема група навивачи на „Светците“ го запалија Париз. Најпрво со голема баклијада на тренингот е испратен составот на Унаи Емери, а потоа толпата се пресели пред хотелот на Реал Мадрид, каде со песна и топовски удари се обидоа да го пореметат составот на Зинедин Зидан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалскиот спектакл утре вечер ќе се пресели на „Паркот на принцовите“, Мадриѓаните имаат значителна предност пред реваншот, но сосем сигурно е дека нема да биде ниту малку лесно да обезбедат пласман во следната фаза.