Фудбалската репрезентација на Франција денес нешто пред 17:00 часот пристигна на аеродоромот во Париз „Шарл де Гол“, еден ден откако ја освои титулата светски шампион на Мундијалот во Русија.
Тие од аеродромот ќе одат до авенијата Шанзелизе, каде што ги чекааат гоелм број навивачит. Потоа ќе заминат на прием кај претседателот Емануел Макрон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Околу 3.000 се повикани на прославата во претседателската палата. Повикани се помали клубови од каде што светските шампиони го започнаа својот пат, па така повикан е клубот Бонди од Париз каде што започна Килијан Мбапе.
Повикани се и спортисти кои освојуваа медали на последните Олимписки игри.