Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Панче Ќумбев го анализара и прогнозира дуелот Украина – Македонија

Панче Ќумбев го анализара и прогнозира дуелот Украина – Македонија

Денес е денот Д за Македонија и за нашите надежи за прогрес во следната фаза на ЕУРО 2020. Го играме вториот натпревар на шампионатот против селекцијата на Украина, во терминот од 15:00 часот по македонско време.

Поранешниот македонски репрезентативец, а сега претседател на Синдикат на фудбалери на Македонија, Панче Ќумбев даде свое видување за овој меч, кои Ќумбев ќе го следи од Букурешт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


-Што да се каже по нашиот дебитантски натпревар на едно големо натпреварување. Момците изгинаа на терен, одиграа борбено и мотивирано. Но се виде дека ни недостасува искуство. Со малку повеќе среќа многу лесно можеше да земеме бод на првиот натпревар против Австрија, но се надевам дека на овој против Украина ќе освоиме најмалку бод. Украина е сериозна репрезентација, а тоа го покажа во првиот натпревар кога од 0:2 се врати на 2:2 против фаворитот во групата, Холандија на нејзин терен.

За да не правам малер овде ќе типувам на голови, а нормално очекувам победа на нашите момци. Верувам во Пандев и дружината и во нашата фаланга која е во Букурешт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

УЕФА донесе важна промена пред Европското првенство

УЕФА им дозволи на селекторите за Европското првенство во Германија да повикаат 26 фудбале…