Дома Македонски спорт Мак фудбал Панчев по „киксот“ на Вардар: Максимов е тука да ги брани боите на Вардар четири години!

Панчев по „киксот“ на Вардар: Максимов е тука да ги брани боите на Вардар четири години!

Како што е познато литванскиот Тракаи правеше проблеми при трансферот на Максим Максимов во Вардар, па токму поради тоа црвено-црните не успеаа да го регистрираат огромното засилување за настап во Лигата на Европа, по повод ваквата ситуација со изјава во медиумите излезе Дарко Панчев.

Македонската фудбалска легенда и сегашен спортски директор на Вардар, не гледа на ова како голема трагедија, тој истакна дека Максимов е тука да го носи црвено-црниот дрес четири години, покрај тоа откри дека клубот очекува дозвола од УЕФА за настап на Максимов во домашното првенство и купот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Максимов не пристигна во Вардар за шест натпревари во Европа или три месеци, тој е тука да ги брани нашите бои четири години. Во овој момент очекуваме УЕФА да дозволи настап на Максимов во купот и домашнаото првенство“, изјави Панчев.

Вардар при доведувањето на Максимов ја плати откупната клазула на фудбалерот која изнесуваше 50.000 евра, па така Литванците ништо не се прашуваа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …