Легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев доби документарец за неговата слава кој задутре ќе ја има премиерата во хотелот Александар Палас, додека во регионот ќе го пренесува телевизијата „Спортклуб“.
Документарецот за македонската фудбалска легенда е заедничка изработка на „Спортклуб“, Спортнетворк“ и „Спортсктоо радио 90.3“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Документарецот го носи името „Патот на Кобра до ѕвездите“, а денес Панчев ја одржа официјалната прес-конференција пред промоцијата.
„Секогаш е убаво младите генерации да имаат нешто со кое можат да се потсетат. Се надевам дека ќе се појават млади фудбалери кои ќе ги достигнат големите достигнувања во мојата кариера како Сребрената топка, Залтната копачка…Мило ми е што како Македонец го остварив тоа во Црвена Звезда која тогаш беше помеѓу најдобрите клубови во светот“.
На документарецот, Панчев гледа како круна на кариерата.
„Постигнав многу голови во кариерата, а еден голгетер според мене не треба да гледа кој гол е убав, треба да ги има што повеќе. Секој гол кој што сум го постигнал миу е драг. Документарец се прави само ако имате што да прикажате и кажете во него. Исто така во изработка е и моја автобиографска книга“, изјави Панчев.