Дома Македонски спорт Пандев: Холандија е помеѓу најголемите фаворити, Македонија на ЕП нема што да изгуби

Пандев: Холандија е помеѓу најголемите фаворити, Македонија на ЕП нема што да изгуби

Македонскиот капитен Горан Пандев се уште „глава не може да крене“ од медиумите кои сакаат да добијат изјава од него за историскиот гол против Грузија со кој ја одведе Македонија ЕП.

Во јуни наредното лето Пандев на 37 години ќе ја води Македонија за првпат на едно големо натпреварување. Во нашата група се Австрија, Украина и Холандија, а во интервјуто за „Ал-Џазира Балкан“ Пандев зборуваше за овие репрезентации, како и најголемите фаворити на ЕП.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Предност во нашата група имаат Холандија, Украина и Австрија. Ние ќе играме опуштено затоа што нема што да изгубиме, можеме само да добиеме. Се надеваме дека ќе освоиме некој бод и ќе се претставиме во што е можно подобро светло“.

За Пандев Холандија е помеѓу најголемите кандидати за освојување на трофејот, а ги спомена уште Белгија, Италија…

„Во Италија сум долги години и знам дека сега се вратија на големата сцена, имаат млада и квалитетна репрезентација која има што да покаже. Португалија и Холандија се одлични репрезентации и мислам дека ќе се борат за освојување на ЕП, Белгија секако е тука. Белгијците имаат репрезентација која долги години игра заедно и можеби се и главен фаворит. Во Хрватска има еден вид смена на генерации, но никако не смеат да се отпишат“, изјави помеѓу другото Пандев.

Целото интервју на Пандев – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Критики за Јокиќ: Колку е добар кошаркар, толку е лош патриот

Легендата на југословенската кошарка, Зоран Славниќ испрати жестоки критики на сметка на Н…