Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев со емотивна порака до Ангеловски: Малку е само да ти кажам благодарам!

Пандев со емотивна порака до Ангеловски: Малку е само да ти кажам благодарам!

Горан Пандев преку социјалните мрежи со емотивна порака му се заблагодари на селекторот Ангеловски за историскиот успех и пласманот на ЕУРО.

Ангеловски успеа да го убеди Пандев да се врати во репрезентацијата, а двајцата беа најважни алки во историскиот успех и пласманот на ЕУРО.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пандев се прости од репрезентацијата, а Ангеловски заминува откако го одработи договорот.

„20.10.2015 првпат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот… ги паметам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Макаедонија да се пласира на Европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. Шефе благодарам е малку да ти кажам, вие го сплотивте цел македонски народ, вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентацијата и да гинеме еден за друг. Затоа сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Горан Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…