Дома Фудбал Пандев прво го „сруши“ Интер, а потоа порача: Цел живот ќе му бидат благодарен!

Пандев прво го „сруши“ Интер, а потоа порача: Цел живот ќе му бидат благодарен!

Интер синоќа загуби на гостувањето кај Џенова, а еден од најдобрите фудбалери на теренот секако беше нашиот репрезентативец Горан Пандев.

Пандев постигна гол, но не го прослави од почит кон поранешниот клуб, а после мечот изјави дека секогаш ќе му биде благодарен на Интер.

„Цел живот ќе му бидам благодарен на Интер. Но, овој меч Џенова едноставно мораше да победи, одигравме одлично, како што Балардини го подготвуваше дуелот и заслужено стигнавме до бодовите. Се надевам дека Интер ќе се пласира во Лигата на шампионите, имаат одличен тим, тие се голем клуб и заслужуваат пласман меѓу елитата“, истакна Пандев.

На социјалните мрежи фановите на Интер уште еднаш му се заблагодарија на Македонецот за почитта која ја покажал кон нивниот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета го пофали Јакировиќ, но порача: Хал мора да падне на „Емирати“

Пред денешниот дуел од 16 часот, тренерот на Арсенал предупреди на тимот што веќе го побед…