Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев: Поминуваме низ тежок период, но ќе навивам за Македонија

Пандев: Поминуваме низ тежок период, но ќе навивам за Македонија

Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев даде интервју за „Газета дело Спорт“ пред утрешниот меч со Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пандев признава дека македонскиот фудбал поминува низ тежок период, но сака да направиме уште едно „чудо“ како тоа во Палермо.

„Секогаш ќе навивам за Македонија. Сакам уште еднаш да ја изненадиме Италија. Веќе покажавме дека можеме, па не гледам причина зошто и сега не би ја изненадиле. Не знам дали е возможно да се повтори тоа од Палермо, но ќе навивам од срце за такво нешто. Поминуваме низ тежок период, но не се откажуваме“, истакна Пандев.

„Нашиот тим поминува низ деликатен период, особено тежок беше поразот од Англија, но мислам дека можеме да го пребродиме сето тоа и да го преточиме во позитивна енергија. Ќе биде тешко, го немаме капитенот Ристовки, а и теренот во Скопје не е баш идеален“, додаде Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …