Вечерва се играат натпревари во Лигата на шампионите, а во најавната емисија на Арена Спорт вклучување и Горан Пандев.
Македонска фудбалска легенда во краткото вклучувања зборуваше за неговиот поранешен клуб Интер кој вечерва игра со Реал Мадрид, но и за градскиот ривал Милан кој после долги години се врати во Лигата на шампионите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не знам дали Интер е подобар од минатата сезона, но има компактна екипа. Сигурно дека фали Хакими, фали Лукаку, изгубија на брзина и индивидуален квалитет, но со новите засилувања како екипа можеби и се подобри. Како колектив играат еден поинаков фудбал и би можеле да покажат добри настапи“
Зборуваше Пандев и за враќањето на Милан во Лигата на шампионите.
„Сите добро знаеме кој е Милан во европскиот фудбал, фалеше во Лигата на шампионите. Заслужено се тука, минатата сезона беа одлични во Серија А. Според мене може да изненаден во ЛШ. Како и да е добро е што се вратија“
„Со Мурињо останавме во контакт, се слушаме понекогаш и му посакувам среќа во Рома. Знам дека може да одигра голема сезона и да донесе радост на навивачите“