Македонскиот капитен Горан Пандев имаше интервју за Моцартспорт“.
Во интерјувто Пандев зборуваше за разни теми меѓу кои секако беше и пласманот на Македонија на ЕП.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како реагирате на големите пофалби?
„Па добро, годи, пред се затоа што нашата репрезентација одработи одлична работа. Добро е за Македонија, за нашата репрезентација…Овој прв пласман на едно големо натпреварување е круна на мојата кариера“.
Какви се очекувањата на Пандев за групата во која играме со Украина, Холандија и Австраија. Македонија прво игра со Австрија и Украина, па со Холандија.
„Пред се сакам да се заврши оваа пандемија. Да има публика на стадионите, така би имале голема поддршка од нашите навивачи. Реално ние сме аутсајдери, но немаме што да изгубиме. Првите два натпревари со Австрија и Украина ни се најважни“.
За Академија Пандев?
„Лошо стоиме на табелата. Дадовме шанса на младите фудбалери, но очигледно не можат да го износат теретот на натпреварувањето. Нашата цел е да се избориме за опстанок, ќе доведеме засилувања во преодниот рок и се надевам на успех. Одлично е што влеговме во полуфинале на националниот куп.
Пандев откри и дека како дете почнал да игра кошарка.
„Сакав и играв кошарка, но подоцна се определив за фудбал. Ги поминав сите селекции на Беласица до првиот тим. Потоа направив трансфер во Интер“.
Кој ви беше идол.
„Како дете, Дејан Савичевиќ, беше гениј“.
Целото интервју на Пандев – прочитајте го тука.