Maкедонската фудбалска легенда, Горан Пандев и пред овој натпревар помеѓу Италија и Македонија беше интересен за медиумите на Апенините.
Пандев беше запрашан да го прогнозира натпреварот, но сепак не сакаше тоа да го направи, а откри и дека нема да патува во Рим да го гледа натпреварот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Натпреварот ќе го гледам на телевизија, нема да одам во Рим. За мене натпреварот е специјален, па нема да давам прогнози“, изјави Пандев.
Доби прашање Пандев и за враќањето на Валтер Мацари на клупата на Наполи. Мацари го водеше Наполи кога Пандев беше член на овој тим.
„Не е убаво да се зборува за тренерот кога ќе биде отпуштен, жал ми е за Гарзија, но фудбалот е таков. Мацари е вистинскиот човек да го врати Наполи при самиот врв“, истакна Пандев.
Италија и Македонијак во рамките од претпоследното коло од квалификациите ќе се сретнат на 17. ноември во Рим.