Дома Македонски спорт Пандев: ЕП за мене е нешто најубаво во кариерата, ноќта во Дуизбург беше историска!

Пандев: ЕП за мене е нешто најубаво во кариерата, ноќта во Дуизбург беше историска!

Македонскиот капитен Горан Пандев имаше интервју за грчката „Газета“ во кое главна тема беше пласманот со Македонија на Европското првенство.

Настапот на Европското првенство Македонија го обезбеди со победата во Тблиси против Грузија. Решавачкиот гол на натпреварот беше дело токму на Пандев кој летово ќе го води националниот на првиот голем турнир.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Никогаш не верував дека мојата репрезентација ќе ја видам на еден голем турнир, но како човек верувам во судбина, а таа сакаше ова да се случи. Освоив многу, играв во повеќе клубови, меѓутоа и претходно кажував ги давам сите трофеи за настап со Македонија на ЕП. На натпреварот со Грузија многу добро се сеќавам, за нас тоа беше како да сме го освоиле ЕП, иако само се пласиравме. Насмевката и среќата кај моите соиграчи беше нешто најубаво кое ми се случило во кариерата. На Европското првенство одиме без притисок затоа што немаме што да изгубиме“.

Не можеше разговорот да помине, а да не се спомене и последниот натпревар против Германија каде што Македонија оствари голема победа.

„Таа ноќ во Дуизбург беше историска. Поминаа две недели од тој натпревар, а јас искрено не верував дека можеме да направиме такво чудо. Германија 20 години немаше пораз во квалификациите за СП, а ние успеавме да ги победиме. Господ сакал тоа да се случи, не знам што друго да кажам“.

Пандев откри дека бил блиску до трансфер во Олимпијакос и ПАОК.

„Кога бев на почетокот од кариерата пред да отидам во Интер, бев блиску до Олимпијакос. Тој трансфер го расипа претседателот на мојот тогашен клуб (Беласица). ПАОК многу сакаше да ме доведе пред неколку години, сепак долго време бев во Италија и моето семејство се чувстувваше добро тука и решивме да останеме“, изјави Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…