Дома Фудбал Пандев добива нов тренер во Џенова

Пандев добива нов тренер во Џенова

Maкедонскиот капитен Горан Пандев во Џенова ќе добие нов тренер.

Џенова во последната сезона се бореше за опстанок се до последното коло и на крај успеа да се избори и наредната да игра со најдобрите во Италија. Клубот во завршницата беше предводен од Давиде Никола, а сега него ќе го наследи поискусниот Роландо Маран.

Маран веќе ги решил административните обврски со неговиот претходен клуб, Каљари и сега повеќе нема да има пречка да потпише за Џенова.

Џенова на Маран му понудила соработка на две години. Новата сезона ви Серија А треба да започне на 19. септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два гола на Медисон за Тотенхем: Сандерленд падна со десетмина

Тотенхем славеше со 0-2 кај Сандерленд со двата гола на Џејмс Медисон. Домаќините останаа …