Македонската фудбалска легенда Горан Пандев ги избра 11 најдобри фудбалери со кои играл во богатата кариера.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пандев ги освои сите највредни трофеи, како што се тие во Лигата на шампионите, Светско клупско првенство, беше првак на Италија, а има и неколку куп-трофеи во Италија.
Беше гостин во емисијата „Моите топ 11“, на кои ги одбра 11 играчи со кои има играно заедно во репрезентацијата и во клубовите.
Голман: Џанлуиџи Буфон (Парма),
Одбрана: Стефан Ристовски (Македонија), Валтер Самуел (Интер), Ванчо Костов (Беласица),
Среден ред: Марек Хамшик (Наполи), Дејан Станковиќ (Интер), Милан Бадељ (Џенова), Весли Снајдер (Галатасарај),
Напад: Лука Коти (Специја), Милан Рапаиќ (Анкона), Томазо Роки (Лацио).
Тренер: Жозе Мурињо.