Полицијата во Гватемала неодамна запленија 823 килограми кокаин.
Во акцијата се уапсени и три Колумбијци, успешен ден за органите на редот и власта во Гватемала, но оваа приказна доби нова дименија поради еден интересен детал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, на пакетите на споменатиот наркотик се наоѓаше слика од ѕвездата на ПСЖ и репрезентативецот на Бразил, Нејмар.
Фотографијата со запленетиот кокаин, на кој се најдоа сликите од Нејмар го обиколија светот.
„Наркотиците“ имено, дојдоа до идеја сликата на Нејмар да ја залепат на својот продукт, за да се разликуваат на пазарот, ова суштински беше нивни маркетиншки потез, очигледно веруваа дека сликата на Нејмар би ги убедила купците дека нивниот производ е квалитетен, но за цела среќа не успеаа да го извадат на пазарот.
Ова не е прв случај нарко карттелите да користат славен фудбалер за да ја подобрат продажбата на наркотиците, своевремено во Перу беше запленет околу еден тон и половина кокаин со сликата на Лео Меси.
#ProtegerYServir El @mingobguate en su lucha frontal contra el narcotráfico por medio de nuestra @PNCdeGuatemala reporta la captura a tres colombianos con 823 paquetes con cocaína y un sumergible pic.twitter.com/CLa3Wesdyz
— PNC Guatemala (@PNCdeGuatemala) July 13, 2018