Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на турнири на територијата на САД, бидејќи американскиот Сенат гласаше за укинување на националната декларација за вонредна состојба предизвикана од пандемијата на корона вирусот.
Американските медиуми јавуваат дека американскиот претседател Џо Бајден ќе ја потпише оваа одлука, бидејќи првиот човек на САД најави дека нема да стави вето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Србинот годинава ги пропушти турнирите во Индијан Велс и Мајами, а по најновата одлука на американските власти, тој ќе може да настапи на летната американска турнеја и на УС Опен, кој е закажан од 28 август до септември.