Дома Фудбал Англија Падна договор: Привремено „примирје“ помеѓу Мурињо и Погба

Падна договор: Привремено „примирје“ помеѓу Мурињо и Погба

Ѕвездата на Манчестер Јунајетд, Пол Погба нема да го напушти „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наводно, Жозе Мурињо и најскапиот играч на тимот ги „закопале секирите“, или барем привремено, па Погба го известил својот агент дека сигурно останува до крајот на сезоната.

Со месеци е шпекулира дека Погба сака да си замине од Манчестер Јунајтед, па дури излегоа информации дека се договорил со Барселона и ќе бара трансфер во јануари.

Тоа би го уништило имиџот на „црвените ѓаволи“, па Мурињо се потрудил да го одложи овој потег барем до летото.

Погба дал потврден одговор, но се очекува да замине во јуни и ништо не може да го задржи на „Олд Трафорд“. Тој е разочаран што не е најскапиот играч во клубот или барем не е блиску до платата која ја добива Алексис Санчез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати се условите кои Милан му ги понуди на Ираола

Андони Ираола е прв избор на управата на Милан за да го замени Масимилијано Алегри на клуп…