Дома Фудбал Останато Очекувано: Ремек-делото на Канга гол на колото во Лига Европа

Очекувано: Ремек-делото на Канга гол на колото во Лига Европа

Голот кој го постигна Гелор Канга во победата на Црвена Звезда над Ференцварош од 4:1 е избран за најдобар гол во третото коло од Лигата на Европа.

Конкуренти на Канга беа Антони Марсијал од Манчестер Јунајтед, Давид Силва од Реал Сосиедад и Коди Гакпо од ПСВ, а на крајот најмногу гласови доби Габонецот.

Се играше 60. минута кога Канга ја прими топката од Иваниќ, а како и во 2017 година против Краснодар шутираше од голема далечина и погоди за 4:0. Канга беше и стрелец на првиот гол на натпреварот, кога беше прецизен од белата точка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нова мака за Мурињо: Реал може да биде ослабен против Интер

Сјајниот лев бек на Реал, Марк Кукурела, беше принуден да го напушти теренот поради грчеви…