Дома Фудбал Лига на шампиони Очај за Јувентус: Му го „потпиша“ ли Макаби отказот на Алегри?

Очај за Јувентус: Му го „потпиша“ ли Макаби отказот на Алегри?

После поразот од Милан во Серија А за викендот Јувентус вечерва им приреди уште едно разочарување на своите навивачи. „Старата дама“ со пораз од 2:0 се враќа од гостувањето од Израел.

Од самиот старт Макаби тргна офанзивно и веднаш создаде добра прилика по која Шчесни интервенираше. Ако во таа ситуација Макаби не погоди погоди само некоја минута подоцна, Азтили во седмата минута го матираше полскиот чувар на мрежата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Продолжи Макаби да создава прилики, погодена беше и гредата по еден прекин. Јувентус на моменти се закануваше, но реализиацијата изостануваше. До нов гол се чекаше до 42. минута кога Азтили со еден мајсторски удар зголеми на 2:0.

Во второто полувреме како што одминуваше времето Јувентус мораше да напаѓа, па Алегри фрли се на една карта гледавме ултра офанзивен Јувентус, сепак и тоа не беше доволно. Макаби издржа и славеше со 2:0.

Со овој пораз Јувентус си ја направи мисијата за поминвуање во следната фаза скоро и невозможна. „Старата дама“ е третопласирана со три бода колку што има и Макаби. ПСЖ и Бенфика имаат по седум и својот натпревар го играат вечерва. Во преостанатите две кола Јувентус го чекуваат натпреваро Бенфика (гости) и ПСЖ (дома).

Во вториот натпревар во истиот термин Манчестер Сити одигра 0:0, но „граѓаните“ ова можеа да си го дозволат бидејќи и вака се лидери на табелата со 10 бода и пласманот во следната фаза не е доведен во прашање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи спреми 70 милиони за ѕвездата на Аталанта

Челзи се приклучи во трката за потписот на ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативе…