Дома Фудбал Италија Рома очајна – Сампдорија славеше на Олимпико

Рома очајна – Сампдорија славеше на Олимпико

Рома игра очаен фудбал во последниот период, а доказ за тоа е вечерашниот пораз од Сампдорија на Олимпико.

Рома против истиот противник се мачеше и пред четири дена, а на крајот со гол во судиското продолжение стигна до бод. Сепак, денеска не успеа ни до бод.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сампдорија играше одлично на самиот почеток од натпреварот со неколку изгледни шанси за погодок, но голманот на Рома правеше чуда на голот и со осум одбрани ја зачува мрежата во првото полувреме.

Рома можеше да го казни противникот во 39. минута од натпреварот преку удар од белата точка, но голманот Вивиано го одбрани шутот на Флорензи и остана 0-0.

Во второто полувреме се играше досаден фудбал, а Рома во неколку наврати имаше одлични шанси, но до погодок не дојде. Гледачите до крајот на натпреварот видеа еден погодок и тоа во мрежата на Рома. Сампдорија до водство кое беше доволно за победа дојде во 80 минута преку Запата.

Рома за победа не знае веќе седум натпревари во сите натпреварувања што ја донесе до 5. позиција на табелата во Серија А со 16 бодови помалку од лидерот Наполи. Од друга страна, Сампдорија се наоѓа едно место подолу со само четири бода помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…