Јувентус предводен од спортскиотт директор Федерико Черубини одработи одличен преоден рок.
Черубини во последните денови од преодниот рок заврши навистина фантастична работа. Прво, пристигна Душан Влаховиќ кој се очекува да биде огромно засилување во нападот. Денес се комплетираат и уште два трансфери, Денис Закарија од Борусија Минхегладбах и Федерико Гати кој потпиша, но остана во Фросиноне на позајмица до крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Освен тоа Јувентус се ослободува и од вишокот. Арон Рамзи кој имаше плата од осум милиони евра се пресели во шкотски Ренџерс, додека Дејан Кулушевски и Родриго Бентакур во пакет се пресели во Тотенхем.
Кулушевски и Бентакур долго време беа мета на критики за нивните настапи на теренот, па затоа овие потези кај навивачите се дочекани со одборување, иста беше и ситуацијата со Рамзи кој имаше и големи проблеми со повредите.