Италијанскиот гигнат Јувентус денес официјално потврди дека ја продолжил соработката со „Адидас“ до 30 јуни 2027 година.
Овој договор е историски за италијанскиот фудбал, бидејќи Јувентус ќе инкасира од „Адидас“ точно 408 милиони евра, односно 51 милион евра на сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Двете страни имаа договор до 2021 година, но на обострано задоволство решија да ја продолжат соработката со многу подобри финансиски услови.
Доаѓањето на Роналдо во тимот придонесе подобри услови при договорот, а „Адидас“ ќе му исплати и додатен бонус на Јувентус во висина од 15 милиони евра.
.@adidasfootball and Juventus: 2027
➡️ https://t.co/emyw4wXdIy pic.twitter.com/0atJgxaMDE
— JuventusFC (@juventusfcen) December 21, 2018