Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Шкендија го претстави новиот тренер

Официјално: Шкендија го претстави новиот тренер

Tимот на актуелниот македонски шампион Шкендија денес го реши прашањето околу новиот тренер.

Ќатип Османи кој денес е тренер на Шкупи беше отпуштен од Шкендија пред околу еден месец поради слабите резултати. Во меѓувреме Шкендија ја водеше Ерхан Селими кој сега ќе продолжи да работи во младите категории.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нов тренер на Шкендија ќе биде Ернест Ѓока. Ѓока досега водел повеќе клубови во Албанија, а најголемиот успех постигна во Кукс.

„Спремен сум. Знам дека во Шкендија се бара успех. Ова е тим кој постојано сака да победува и има амбиции за пласман во ЛЕ со цел да ги стигнеме европските клубови, а зошто да не се надеваме и на влез во Лигата на шампионите“, изјави помеѓу другото Ѓока на претставувањето.

Фото: КФ Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Бурна реакција на ФК Скопје за пеналот во Врапчиште: Сакаме чесно првенство!

Од судиската комисија на ФФМ вчера во анализата ја потврдија грешката на судијата, а сега …