Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Шаќири повеќе не е тренер на Шкендија

Официјално: Шаќири повеќе не е тренер на Шкендија

Шкендија официјално потврди дека ја заврши соработката со Артим Шаќири, еден ден по поразот од Брегалница во Штип.

Клубот од Тетово официјално потврди дека разделбата дојде по разговорот денес, на Шаќири му посакаа успех во понатамошната кариера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Прекинот на соработката во моментов најдобро можно решение за двете страни, ФК Шкендија му се заблагодарува на Артим Шаќири за придонесот во периодот додека го водеше тимот, и му посакува многу успеси во иднина“, стои во соопштението на Шкендија.

Во новата сезона од Првата лига Шкендија во првите шест кола освои 11 бодови, колку и второпласираниот Силекс, а седум помалку зад водечката Струга.

Според најавите на тренерското столче би требало да се врати Ќатип Османи. Тој во минатото со многу успеси го видеше клубот од Тетово и му донесе три шампионски титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…