Дома Топ вести Официјално: Халанд е нов играч на Борусија Дортмунд

Официјално: Халанд е нов играч на Борусија Дортмунд

Гол сензацијата од Салцбург, Ерлинг Халанд се поврзуваше со многу европски гиганти, а денес и официјално стави крај на сагата околу неговиот трансфер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


19-годишниот Норвежанец денес официјално се пресели во Борусија Дортмунд и потпиша договор до 2024 година.

Халанд во својот договор имаше откупна клаузула од 25 милиони евра, која многу клубови беа спремни да ја платат, но тој избра да се пресели во Борусија Дортмунд.

Покрај трансферната сума, наводно „милионерите“ ќе платат и додатни 12 милиони евра како премија за играчот и неговиот агент при самиот потпис.

Нема сомнеж дека ова за „милионерите“ ќе биде големо засилување за тимот со оглед на фактот дека Халанд оваа сезона постигна 28 гола на 22 меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…