Милан попладнево го потврди Пауло Фонсека за нов тренер, а директорот Златан Ибрахимовиќ го објасни изборот.
Пристигна официјална потврда, Пауло Фонсека е наследникот на Стефано Пиоли на кормилото на Милан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Милан може да потврди дека Пауло Фонсека е именуван за тренер на првиот тим. Португалецот стави потпис на тригодишен договор“ – гласеше соопштението.
Златан Ибрахимовиќ на прес-конференција го објасни изборот на „росонерите“ откако претходно се шпекулираше со неколку имиња, помеѓу кои и она на Антонио Конте.
„Не го одбравме Антонио Конте бидејќи Пауло Фонсека е најдобриот избор за тимот кој го имаме“ – вели директорот на Милан.
„Детално го студиравме Фонсека и неговиот пристап кон играта. Кога разговаравме лице в лице, не убеди неговата амбиција и желба за победа. Во Милан има тренер, а не менаџер. Имам голема почит за Конте и неговата работа, но не баравме таков профил“.