Следната сезона Саудиската Про лига ќе биде едно од најинтересните неевропски првенства бидејќи таму ќе заработуваат бројни ѕвезди.
Роберто Фирмино е последниот во низата фудбалери кои заминаа на Блискиот Исток.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој му се придружи на голманот Едуардо Менди и ја облече опремата на Ал Ахли. Тој ќе го носи дресот на клубот од Џеда до 2026 година и за тоа време ќе заработи околу 100 милиони евра и доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со Ливерпул.
Бразилецот се пресели од Хофенхајм на „Енфилд“ во 2015 година и за осум години одигра 362 натпревари и постигна 111 голови. Освои седум трофеи вклучувајќи ја Лигата на шампионите во 2019 година и Премиер лигата во 2020 година.
Интересно, тој доаѓа во тим кој минатата сезона играше во втората лига и како шампион се врати во повисок ранг. Ал Ахјли досега три пати беше шампион на Саудиска Арабија.