Дома Фудбал Официјално: Тухел заминува од Баерн!

Официјално: Тухел заминува од Баерн!

Баерн Минхен официјално објави дека Томас Тухел нема да биде нивни трене по крајот на актуелната сезона.

Актуелниот договор на Тухел имаше важност до 30-ти јуни 2025 година, меѓутоа оваа одлука е донесена по разговорите помеѓу извршниот директор на клубот, Јан-Кристијан Дрисен и тренерот Тухел.

Причината за ваквата одлука е повеќе од јасна. Баерн е многу блиску по сезоната 2011/2012 да има сезона без освоен трофеј. Во Бундеслигата веќе Леверкузен има предност од осум бода, елиминирани се од Купот на Германија, додека во Лигата на шампионите во првиот осминафинален натпревар претрпеа пораз од Лацио од 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…