Дома Фудбал Официјално: Стив Брус повеќе не е тренер на Њукасл

Официјално: Стив Брус повеќе не е тренер на Њукасл

Oд денес Стив Брус повеќе не е менаџер на Њукасл.

Најавите за заминување на Стив Брус од клупата на Њукасл утрово се потврдија. Клубот на својата официјална страна му се заблагодари на својот досегашен стратег и му посака среќа во понатамошната кариера.

Њукасл после осум натпревари во Премиер лигата се уште нема победа и освои само три бода. Нема информации кој би можел да биде негов наследник, но со доаѓањето на принцот Мохамед Бин Салман на чело со тренерското столче на Њукасл се поврзуваа голем број познати тренерски имиња. Останува да видиме во наредниот период што ќе се случува.

Во сабота против Кристал Палас тимот ќе го води Грим Џонс кој привремено ќе биде прв тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем пред црна серија каква што не памети, Де Зерби бара одговор кај Челси

Само една победа на последните 36 лигашки гостувања на „Стемфорд бриџ“ и шест порази по ре…