Дома Фудбал Англија ОФИЦИЈАЛНО: Салах потпиша нов договор со Ливерпул!

ОФИЦИЈАЛНО: Салах потпиша нов договор со Ливерпул!

Мохамед Салах стави крај на сите шпекулации и потпиша нов договор со Ливерпул со важност до 2025 година.

Иако во претходниот период постоеа најави дека Салах сака да ја промени средината, сепак со ова станува јасно дека тој ќе продолжи да испишува историја во Ливерпул.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Се чувствувам одличен, среќен сум што ги освоив сите трофеи тука. Ова е убав ден, конечно се е завршено“, изјави Салах по потписот.

Долго време се водеа преговорите помеѓу Салах и Ливерпул за нов договор, а на крајот двете страни најдоа заеднички јазик. Во Ливерпул Салах пристигна во 2017 година од редовите на Рома и досега запиша повеќе од 250 настапи и постигна над 150 гола.

Салах во овој момент е и на деветото место на вечната листа на стрелци на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…